Гостивар
Мицкоски за Коридорите 8 и 10: Ова веќе не е магија, не е илузија, ова е вистина, ги гледаме работите на терен

„Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто коешто треба да претставува дел од оној сон којшто го имаме како Влада, а тоа е, како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сѐ како претседател на Владата да стане и реалност“, изјави денес премиерот, Христијан Мицкоски, по извршениот надзор при почетокот на работите на делницата Гостивар-Букојчани, дел од Коридор 8.
Се работи за делница во должина од околу 30 километри, која е втора според договорот потпишан меѓу Владата и „Бехтел и Енка“, врз основа на кој вкупно треба да се завршат 110 километри автопат.
Премиерот истакна дека изградбата на автопатите од Коридорите ќе биде приоритет на Владата и дека изминатите четири месеци се сработило повеќе отколку претходните две години.
„Ние сме земја којашто за жал не излегува на море и тоа некој може да го смета како недостаток, но ние треба да сме умни и тој недостаток да го направиме во наша предност, бидејќи сме природна крстосница на два многу значајни коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10. Тоа е она коешто треба да претставува наш приоритет, а од работата изминативе четири месеци како Влада и три месеци како раководство во ЈПДП, можеме да забележиме дека се направено двојно, тројно повеќе работи споредено со две години претходно. И тоа се гледа. И сега веќе ова не е магија, не е илузија, ова е вистина. Ги гледаме работите на терен како се работат.“, рече Мицкоски.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски подвлече дека експропријацијата на земјиштето од проектот Коридор 8 и Коридор 10, што било најголем проблем, целосно ќе заврши до Нова година.
„Оваа обврска ја презеде претходната Влада, но работите се одвиваа со забавено темпо, а во одредени делови работата е закочена. Експропријацијата е ветено дека треба да заврши во август 2023, а тогаш не беше ниту почната. Од август 2023 до јуни додека дојдов беа завршени 1.117 парцели. За неполн месец ги завршивме 1.100 или вкупно 2.400 парцели од кога сум дојден на функцијата. Значи имаме 12 пати побрза експропријација, а таа е главен проблем за изведување на градежните работи.“, рече Трајановски.
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски истакна дека со изградбата на овој автопат од Скопје до Охрид и Струга ќе се стигнува за најмногу час и половина.
„Навистина мислам дека имаме историски ден. Се работи за почетокот на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево, нешто за што се зборува преку 50 години. Практично, тоа е решавање на најтешкиот дел од она што треба да биде автопат Скопје – Кичево – Струга – Охрид, Коридорот 8, познатата Стража. Така што, првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде за час и 20 минути, час и половина, што целосно ќе го промени функционирањето на економијата, но исто така ќе го промени и туризмот, а ќе се забрза и економскиот раст.“, рече Николоски и даде појаснување за трасата:
„Најсликовито, од Тетово од третата патарина, продолжува до четвртата патарина до Гостивар. Тука имаме комплетно ново решение од двете страни по три ленти, вкупно шест ленти и плус помошен пат. Од тука го заобиколува градот Гостивар, оди над реката Врадар, оди на три големи мостови кои одат лево од она што народски се вика Стража, се заобиколува Стража, оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во претселекција за избор на изведувач и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради“.
Со Мицкоски, покрај Николоски и Трајановски на увид во работите беа и Амбасадорката на САД, Анџела Агелер и министерот за екологија и вицепремиер Изет Меџити.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос