Гостивар
Мицкоски за случувањата околу црквата во Галате: Ова се подготовки за сеење етничка и верска нетрпеливост

Премиерот Христијан Мицкоски актуелните случувања врзани со иницијативата за уредување на црква во гостиварско Галате, ги искоментира како обид за дестабилизација и подготовки за сеење етничка и верска нетрпеливост.
„Јас цело време предупредувам дека не треба да се игра на етничка и верска карта, тоа е карта на којашто овие криминалци кои изминатите години печалеа на грбот на народот ќе се обидат да предизвикаат нестабилност и тоа се такви инциденти кои ќе следат. Вие ја слушнавте изјавата на Владиката, кој се оградува од ваквите инциденти, жителите на село Галате исто така се оградуваат. Она што е интересно е дека на социјалните мрежи, излегоа слики на едно од лицата и се гледа во друштво на политички активни ликови. Ако се земе во предвид политичката поддршка на градоначалникот во општина Врапчиште, но и се уште полициската структура во ОВР Гостивар, тогаш многу лесно ќе се дојде до заклучокот дека ова е дел од оној фолклор што се подготвува за сеење етничка и верска нетрпеливост и обид за дестабилизација и ваков тип на инциденти во периодот кој следи ќе има. Зошто, затоа што не можеме како Влада, имајќи ги во предвид последните измени во Законот за полиција и работа на МВР, да се случат промените во раководните структури, бидејќи тие се лимитирани на 5 години искуство на висока позиција. Вие знаете седум години кои беа кај нас во Влада. Ќе мора во следните 2-3 месеци да се случи измена на Законот, за да настане до измена на раководните структури, за да можеме реално да ја контролираме ситуацијата“, рече Мицкоски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог