Вести
Михаела Филипоска од Гостивар победи на интернационален натпревар за мали убавици во Бугарија
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/03/17392003_10212562419602103_335921184_n-1.jpg)
Осумгодишната Михаела Филипоска се закити со победничка круна на престижниот натпревар за деца, Little Miss &Mister Galaxy 2017, одржан неодамна во Банско, Бугарија. Во голема конкуренција од над 30 учесници од петнаесетина земји од сите страни на светот, нашата гостиварка ја освои титулата „Мис галакси“ во својата возрасна категорија.
„Ми беше чест што имав шанса да ја претставувам Македонија на натпреварот и горда сум што успеав да го освојам првото место“, вели малата Михаела, која се` уште се чувствува возбудена за успехот и меѓународната награда.
Малата убавица многу го сака манекенството. Има завршено курс по манекенство и член е на модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за учество на Little Miss &Mister Galaxy. Натпреварот за убавина и таленти во Бугарија беше нејзино прво такво искуство, а наградата што ја доби претставува поттик да продолжи по тој пат и во иднина. Веќе има покани за натпревари во Грузија и уште еден во Бугарија.
Освен титулата “Мала убавица“, Михаела на Little Miss &Mister Galaxy 2017 доби и награда за најдобро движење по сцената. Покрај манекенство, како голема љубов го има и модерниот балет и член е на „I dance studio“.
Филипоска е ученичка во трето одделение во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди