Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Микрорастенија, моќна храна на иднината

Објавено

на

Одгледувањето микрорастенија во последниве години станува се повеќе популарно во светот. Станува збор за млади растенија во висина од 5 до 10 cm составени од изданок, со првиот пар на листови. Можат да бидат во зелена, жолта, црвена, виолетова боја, имаат специфична арома и интензивен вкус на слатко, кисело, неутрално или пикантно.

Микро-зеленчукот е побогат со хранливи состојки четири до четириесет пати повеќе од култивираните растителни видови и има големо влијание врз исфрлањето на отрови и тешки метали од телото, како и за зајакнување на имунитетот. Содржат витамини (Ц, Е и К), како и минерали, влакна, аминокиселини и протеини.

Микрорастенијата може да се јадат како свежа салата или како додатоци во сендвичи и готвена храна. Едноставно може да се изблендираат во свежо смути или од нив да се исцедат сокови.

Според Европската Агенција за безбедност на храна дневните потреби за консумација на витамини кај возрасно лице со просечна телесна маса изнесуваат 60 mg витамин C, 13 mg витамин Е и 70 μg витамин К. Научните истражувања покажуваат дека само неколку грама од различни микрорастенија можат целосно да ги задоволат дневните потреби од витамините C, Е и К кај човекот. Научно е докажано дека човекот може да ја исполни дневната препорачана доза на витамин C ако внесе само 41 g црвена микрозелка. Дневните потреби од витамин Е кај човекот се исполнуваат со внесување само на 15 g микроротквица, а 17 g микроамарант би биле доволни за да се исполнат дневните потреби од витамин К.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена