Поврзи се со нас

Македонија

Милошоски: Бројките од пописот се поразителни, а операцијата некомплетна

Објавено

на

ВМРО-ДПМНЕ смета дека пописот, чии резултати беа презентирани денеска, е некомплетен поради изнесениот податок дека 7,2 отсто од граѓаните не биле попишани, а податоците биле преземени од бази, без притоа да се дефинира нивната етничка припадност. Пописот, сметаат од партјата е и поразителен, поради алармантните бројки за иселување од државата.

-ВМРО-ДПМНЕ сметајќи дека овој попис е некомплетен се обврзува по смената на власта да спроведе чисто електронски попис по сите европски стандарди кои што може да биде и комплетен, и веродостоен и да ги нема фалинките и недостатоците кои што ги имаат овие пописни бројки. Пописот ваков каков што е во Република Македонија покажува алармантни бројки кои што се поразителни за сите општини освен за градот Скопје, и за целата држава, особено со тоа што имаме преголемо иселување. Пописот власта сака да го покаже како успех, иселувањето покажува дека истиот е неуспех, а бројката од 7.2% неизјаснети покажува дека овој попис е некомплетен, рече на деенешната прес-конференција Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, пописните бројки се показател за неуспех бидејќи, како што нагласи, има силен бран на иселувања, операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика. Затоа, нагласи Милошовски, сметаме дека ваквите бројките секој има право во нив да се сомнева.

-Не сакавме да коментираме додека не излезат официјалните бројки, но она што со сигурност може да се констатира дека и пред објавата на резултатите и за време на самата објава на резултатите партиите од власта се играа со проценти и се уште го прават тоа што пописот многу го политизира. Во Македонија денес беше објавено колку има население, како е тоа население дистрибуирано по региони, општини, по градови, и како е тоа население по етничка припадност изјаснето. Но, за првпат во Македонија имаме една сериозна бројка од 7.2% или повеќе од 132.000 за кои што ДЗС и покрај тоа што ги има на располагање сите механизми од образование, до лични карти, матични броеви, изјаснување, по други институции, не успеал да ја дефинира припадноста на овие 132.000 македонски граѓани, жители на државата, истакна Милошоски.

Затоа, додаде тој, партијата смета дека Државниот завод за статистика не се потрудил да ги искористи податоците за да го направи овој попис да изгледа комплетен. Ваквите податоци, нагласи, пописот го прават некомплетен.

-Имаме 7,2% коишто го бојкотирале пописот тоа се повеќе од 132.000 граѓани, а живеат во државата. Имајќи предвид дека дел од Македонците овој попис го бојкотираа. Бројките на ДЗС требаше да се соопштат откако ќе се дефинираше припадноста на секој жител кој не се попишал или не се изјаснил на пописот. Затоа денес имаме некомплетен попис во овој дел, истакна Милошоски.

Според него, до таков заклучок може да се дојде од податоците во неколку средини и општини каде што е поголема бројката на граѓани кои не се попишале или не се изјасниле по етничка основа, а според податоците со кои располага партијата, добиени најмногу секторот образование може да заклучи дека во најголем дел се работи за Македонци.

-Во општина Аеродром имаме 5.247 Македонци кои не се попишани, во општина Ѓорче Петров имаме 4.450 Македонци кои не се попишани, во општина Центар 5.000, исто и во Битола повеќе од 5.000, во општина Велес 4.700 Македонци, Кавадарци 2.500, во Кочани 2.400 Македонци не се попишале, во Охрид 4.300 Македонци коишто не се попишале, во Прилеп 5.000 Македонци, во Струмица имаме рекордни 6.640 Македонци кои не се попишан, во Штип околу 4.400 Македонци кои не се попишале на оваа статистичка операција. И со тоа сметаме дека оваа статистичка операција неуспевајќи да ги дефинира сите параметри на овие присутни жители во државата го прави пописот некомплетен. Само овие неколку општини кои ги набројав има повеќе од 60.000 неизјаснети коишто стојат во таква графа, жители во Македонија неизјаснети по национална основа. И затоа според нас, овој попис во тој дел  е некомплетен и грешката, недостатокот е во ДЗС, нагласи Милошоски.

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ и покрај многуте забелешки повика на масовно попишување за време на овој попис и со тоа дала придонес, но, како што истакна, за жал имало и одредени актери кои што повикувале на бојкот и бојкотот нанел одредена штета на податоците на овој попис, на комплетноста на овој попис и на штета на Македонците.

Споредбено со пописот од 2002 година, додаде Милошоски, има околу 200.000 граѓани кои што се иселени и од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека оваа бројка е поразителна на државата, за сите општини, а особено, како што рече, за неуспешните економски политики на актуелната Влада.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 2 часа

Децата од мали нозе да се учат за безбедноста во сообраќајот! Семејството е фактор на превенција

Гостиварпред 3 часа

До училиштата стигнале над 240 лажни дојави за бомби, се истражува кој и зошто ги пратил

Македонијапред 4 часа

Регулаторна: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Македонијапред 5 часа

Јаневска: Вработените во училиштата да комуницираат исклучиво преку службените е-адреси креирани од МОН

Спортпред 6 часа

Во евролигашки термин КК Гостивар денес ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје

Гостиварпред 6 часа

Општина Гостивар: Дојавите за бомби се лажни, училиштата се безбедни

Гостиварпред 8 часа

Дојави за бомби и во училишта во Гостивар

Македонијапред 9 часа

Дојави за бомби утрово во училишта во Скопје и Штип

Гостиварпред 10 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 1 недела

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 3 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена