Македонија
Минатата недела корона е потврдена кај 112 деца до 9 годишна возраст

Во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, за периодот од 5 до 11 април се наведува дека се регистрирани 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што е намалување од 13,4% во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 16,2 до 29,6%, просечно 24,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.857). Во Гостивар биле потврдени 181 случај.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (2.106). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (1.245), 40-49 (1.201), 30-39 (1.176) и 20-29 (711). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (112) и 10-19 години (316).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 6.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 25,7% во споредба со претходната недела.
Пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови, 6,2% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 238 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица од 30-39 години, стои во извештајот.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград