Поврзи се со нас

Македонија

Минатата недела во земјава речиси 1.900 новозаболени од грип

Објавено

на

    Очекувањата на медицинските лица во однос на ширењето на грипот се остварија. Трендот на раст на бројката на заболени се засилува. Од 20 до 26 јануари во земјава евидентирани се 1.878 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува 33 отсто повеќе во споредба со претходната недела, соопштија утрово од Институтот за јавно здравје.

    Од новозаболените, 1.066 лица се на возраст од 15 до 64 години. Во 349 случај станува збор за деца на возраст од пет до 14 години. Додека, 325 се деца на возраст до четири години. Останатите се лица на возраст над 65 години. Заболените се пријавени од 26 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 581, Кавадарци – 219, Куманово – 167, Струмица-162, Штип-106, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто.

    Во шест извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во десет меѓу кои и Гостивар – сезонска, во осум – средна, во Крушево, Свети Николе и Кратово – висока, а во Кавадарци и Дебар – многу висока активност на вирусот на грип.

    Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 5.698.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена