Гостивар
Минатиот месец 26 сообраќајки во Гостивар, брзото возење најчеста причина

Во текот на мај 2024 година на подрачјето на СВР Тетово се случиле вкупно 82 сообраќајни незгоди (Тетово-56 и Гостивар-26). Анализите на полицијата покажуваат дека истиот период минатата година биле регистрирани 102 сообраќајни незгоди што е намалување за 20%.
„Од вкупниот број сообраќајни незгоди, поголем дел – 58 (ТЕ-42 и ГВ-16) се случиле во населено место, додека 24 (ТЕ-14 и ГВ-10) се случиле на отворен пат. Со тешки телесни повреди се здобиле 8 лица (ТЕ-3 и ГВ-5), додека во истиот период лани со тешки телесни повреди се здобиле 15 лица. Во незгодите, 38 лица (ТЕ-30 и ГВ-08) се здобиле со телесни повреди, а 36 сообраќајни незгоди биле само со материјална штета.“, соопшти СВР.
Како најчеста причина за сообраќајните незгоди се појавува брзото возење, односно неприлагодената брзина според условите на патот во 31 случај, неправилно вршење на дејствие била причина за 14 од незгодите и првенство на минување во 13 сообраќајни незгоди.
Имајќи го предвид гореспоменатото и намалениот број на сообраќајни незгоди на подрачјето, СВР Тетово апелира до возачите да продолжат да ги почитуваат сообраќајните правила, прописи и ограничувања со цел да уште повеќе да се намали бројот на сообраќајните несреќи и со тоа да придонесат за личната и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?