Македонија
Минималецот во март околу 20.500 денари, има пари и за раст на платата на административците за 2.000 денари-вели Бектеши

Идниот месец најверојатно минималната плата ќе биде околу 20 500 денари во приватниот и јавниот сектор и тие средства се предвидени со Буџетот за 2023 година. Но, за да има еднаквост, треба за 2 000 денари линеарно да се покачат и платите во државната администрација, средства што се предвидени во сите институции, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Ако за ова треба да се донесе законско решение, Бектеши е убеден дека поддршка ќе дадат сите политички партии.Според него, Министерството за финансии ги направи сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.
-Воведовме законско решение за утврдување на минималната плата. Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите. Имајќи го предвид зголемувањето на минималната плата, очекувам дека покачувањето ќе биде над 2 000 денари линеарно за секоја категорија во државната администрација. Ако некој се спротивстави на зголемување на платите, мислам дека ќе направи голема грешка, а ако треба да се носи законско решение, најверојатно ќе го поддржат сите политички партии. Треба да направиме се што е во наша можност за да ги зголемиме платите, имајќи ги предвид инфлацијата и очекувањата на граѓаните и во таа насока ќе постапиме како Влада. Министерот Бесими рече дека сите проекции и калкулации се направени, тоа тој и го најави, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава