Поврзи се со нас

Гостивар

Минимална плата од 16.000 денари, бара Конфедерацијата на синдикати

Објавено

на

Конфедерацијата на слободни синдикати упати барање да се почитува европската директива за минимална плата од најмалку 60 % од просечната, односно минималецот да изнесува 16.000 денари.

„Бараме пристоен и достоинствен живот на сите работници. Имајќи ги параметрите на просечна плата која изнесува нешто над 25 000 денари, потрошувачката кошница која изнесува 32 653 денари, како и Европската директива за минимална плата, која треба да биде минимум 60% од просечната плата во државата, КСС бара да се почитуваат работниците како во секоја демократска земја и минималната плата да изнесува 16 000 денари“, стои во соопштението од КСС.

Синдикатот потенцира дека по донесувањето на законот за минималната плата во 2012 година, претходно договорените принципи се користат како популистичка мерка на политичките партии само тогаш кога треба да соберат некој поен повеќе, особено  во предизборните периоди.„ Идејата беше да се обезбеди пристоен живот, па затоа еве денес мораме да реагираме затоа што очигледно е дека некој сака да манипулира со сите нас, за да обезбеди плус политички поени на терен. Со најавеното покачување на платите од 5%, Владата во овој момент на вработените од јавниот сектор веќе им должи уште плус 20%, затоа што е тоа законска обврска, а ние остануваме и понатаму последни во регионот по лични примања и просечна плата и позади Косово и позади Албанија и Србија и имаме плати рамни на социјални примања.“, нагласуваат од Конфедерацијата на синдикати.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена