Македонија
Минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 %, најави министерот за економија
На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто, рече министерот за економија Крешник Бектеши. Инфлацијата во делот на прехраната би требало да биде околу 5 – 6 отсто, а генералната, рече Бектеши, од 7 – 8 проценти. Според него, почнувајќи од јули годинава, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата.
-Согласно сите податоци и методологијата утврдена од страна на Владата за зголемување на платите, почнувајќи од минималната плата, на почетокот на наредната година согласно сите податоци и тие што ги имаме како институции, минималната плата ќе се зголеми со минимум 10 отсто, пошто имаме 14 проценти зголемување на просечната плата. Инфлацијата би требало да биде околу 5 – 6 отсто во делот на прехраната, а генералната од 7 – 8 проценти. На таков начин, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата, почнувајќи од јули годинава. Зголемувањето ќе биде уште поголемо до крајот на годината и со одлуките на Владата, но и со праксите и начините како работат посебно поголемите маркети, истакна Бектеши.
Министерот укажа на последната објава од Заводот за статистика според која, просечната плата е зголемена за 14,1 отсто во споредба со јули минатата година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија