Вести
Минимални порази за гостиварските екипи во 2МФЛ – Запад

Се одигра деветото коло во Втората Македонска фудбалска лига – Запад. Ждрепката сакаше ова коло да има двојна „гостиварско-струшка“ пресметка. ФК Гостивар играше против Лабуништа, а Генч Калемлер гостуваше на Струга Трим Лум. Во овој двоен дуел струшките екипи излегоа како победници.
ФК Гостивар во саботата ја пречека екипата на Лабуништа. На градскиот стадион во Гостивар загуби со минимални 0:1. Гостивар се наоѓа на 4 место на табелата со 15 бодови. Во следното коло екипата на Ерџан Менга повторно игра на домашен терен, ќе ја пречека екипата на Кораб од Дебар.
ФК Генч Калемлер гостуваше кај лидерот Струга Трим Лум, кој за овој натпревар го избра стадионот Билјанини извори во Охрид, за домашен терен. Избраниците на Бирол Тобчиу загубија со 1:0. Генч Калемлер се наоѓа на 7-та позиција на табелата, со 11 бодови. Во следното коло му гостува на Тетекс, во Тетово.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!