Вести
Минирање на Сува Гора заради реконструкција на планински пат
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/04/hqdefault.jpg)
Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта започна со реконструкција и проширување на пат на планината Сува Гора, над гостиварско Чегране кој води до бачилата. Се работи за пат во должина од околу 5,5 километри. Зафатот се прави со цел да се подобри инфраструктурата која ја користат овчарите и на тој начин да им се помогне во развој на бизнисот.
„Со реконструкцијата ќе се добие подобар пристап на фармерите до бачилата, но и на рекреативците, ловџиите. Сепак, првата и најважна цел е развивање на агробизнисот. Се стремиме нашите фармери да имаат бенефит, да им го олесниме животот, побрзо да стигнуваат до пасиштата“, изјави Лулзим Фејзулаи, директор на Јавното претпријатие за пасишта.
Во рамки на реконструкцијата неопходно е да се изврши минирање на карпи на одредени места за да се ублажат кривини на самиот пат. Минирањето ќе започне денес и ќе трае до петок. Заради тоа, од Јавното претпријатие за пасишта предупредуваат на внимателност од граѓаните и да се избегнува движење во тој реон. „Станува збор за карпеста земја и на десетина места потребно е да се изврши минирање. Апелираме особено до жителите од Стенче и Чегране овие денови да не се движат низ планинскиот предел над селата“, потенцира Фејзулаи.
Во текот на оваа година Јавното претпријатие за пасишта планира да изврши реконструкција на уште неколку планински патишта во гостиварскиот и во тетовскиот регион во реоните на селата Дуф, Лешница, Вејце и други. За оваа намена ќе бидат потрошени околу 150 илјади евра.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди