Поврзи се со нас

Гостивар

Министерката за култура во Тресонче: Со 5,3 милиони денари старото училиште ќе прерасне во современ мултифункционален културен центар

Објавено

на

Основното училиште „Димитар Ормански“ во Тресонче – родното село на познатиот македонски иконописец, фрескосликар и претставник на Дебарската школа, Дичо Зограф, ќе се ревитализира во мултифункционален културен центар, со капитални дотации од Министерството за култура во износ од 5,3 милиони денари.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со градоначалникот на Маврово Ростуше Медат Куртовски денес беше во Тресонче.

„Старата училишна зграда во најстарото мијачко, а со тоа и малореканско село, ќе прерасне во репрезентативен објект каде што ќе се одржуваат многубројни културни настани. Му честитам на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, кој во конкурсот за капитални дотации препозна вистинска можност за да направи нешто вредно за жителите на својата општина. Особено е важно што тоа го правиме во годината кога се одбележуваат 150 години од смртта на Дичо Зограф, кој е еден од водечките зографи на Дебарската школа и еден од најпознатите иконописци и фрескосликари на Балканот во XIX век. Оваа година се одбележуваат и 100 години од смртта на зографот Аврам Дичов, кој е  претставник на Дебарската зографска школа и син на Дичо Зограф. Преку овој мултифункционален центар ќе се активираат најразлични содржини кои ќе ја афирмираат културата на регионот и ќе привлечат поголем број гости. Преку овие активности создаваме соодветен дом за честување на делото на Дичо Зограф, но и репрезентативен изложбен простор, место за одржување семинари, и воопшто место каде што ќе го негуваме уметничкото наследство на овој прочуен зограф. Со обновата на старото училиште ќе се создадат и достоинствени услови за сите учесници на традиционалната меѓународна школа „По патеките на Дичо Зограф“, која се одржува во Тресонче секоја година.“, истакна министерката.

Реконструкцијата на старото училиште во Тресонче е еден од деветте проекти за кои годинава, преку конкурсот за капитални дотации на Министерството за култура, беа издвоени 40 милиони денари.

Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше го посетија и Домот на културата во селото Ростуше каде што со средства од локалната самоуправа е извршена обнова на озвучувањето, а е променета и електричната инсталација во објектот кој се користи за различни културни активности. Во изминатиот период во овој објект беа изведени и реконструктивни зафати, нова фасада, а беа обновени и столовите во Домот, кој е единствено место за културни настани во ова населено место. Тие присуствуваа и на кратката уметничка програма што ја подготвија учениците од основното училиште, кои изведоа перформанс и ора од богатата македонска фолклорна традиција.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 59 минути

Вработените во МВР денес ќе добијат К-15

Занимливостипред 1 час

Кога биле откриени витамините и како ги добиле називите Ц, Д, Б…

Гостиварпред 3 часа

Работната недела почнува со стабилно време, ќе заврши со дожд и снег

Гостиварпред 15 часа

„Ме удри со возило, ми ја прегази ногата и ме нападна“, пријавил гостиварец во полиција

Гостиварпред 19 часа

Гостивар: Користете зимска опрема, полицијата ги советуваше возачите

Спортпред 21 час

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Занимливостипред 24 часа

Со 103 отчукувања во минута, слушањето на новата песна на Тејлор Свифт може да помогне за спасување живот

Македонијапред 1 ден

Партиски реакции по најавата Џафери да биде премиер на техничката Влада

Рецептипред 1 ден

Брз и многу едноставен десерт – парчиња јаболка завиткани во лиснато тесто

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 3 недели

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 2 недели

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Гостиварпред 2 недели

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 4 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 2 недели

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 4 недели

Тамара Грујеска во пресрет на Јуниорски Евросонг: Со нетрпение го чекам настапот во Ница, ќе дадам максимум од себе

Гостиварпред 3 недели

Заврши доказната постапка за „Ласкарци“

Гостиварпред 2 недели

Семејна драма во гостиварско: Родителите се расправале, па синот го повредил таткото со нож

Спортпред 2 дена

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 5 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 6 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена