Поврзи се со нас

Македонија

Министерот Адеми апелира да не се штрајкува, синдикатот не се откажува од одлуката

Објавено

на

Се` поизвесно е дека првиот училишен ден ќе помине во знак на предупредувачки штрајк на просветните работници. Доколку и викендов, во последен момент синдикатот и Министерството за образование не најдат заеднички јазик, одлуката за еднодневниот штрајк останува да важи.

„Одлуката за предупредувачки штрајк ја донесовме на 23 август. До сега немаме понуда што може да ја прифатиме за да ја промениме.“, вели првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.

Од друга страна, министерот за образование Арбер Адеми ги повика училишните управи да се подготват за првиот училишен ден и да ја започнат новата учебна година со нормален тек.

„Сите ние треба да се водиме од најдобриот интерес за нашите деца. Јас апелирам до сите училишта, до раководството, сите наставници, стручни соработници на сите училишта да се организираат на најдобар можен начин, да се започне со првиот ден, да започне школската година. Особено за првачињата, ова е свечен ден. Овие наши деца започнуваат нова етапа во нивниот живот и треба да бидат пречекани на најдобар можан начин, да не се заплашат кога ќе одат на училиште туку да одат со љубов.  Со СОНК и со вработените во дејноста образование имаме солиден социјален дијалог, сме покажале сериозност, 5% покачување на платата во 2018-та година, 5% покачување од септември месец 2019 и нудиме решение, платите во образованието треба да бидат уште повисоки. Има силна заложба од Владата да се подобри статусот на сите вработени во образование.“, изјави министерот.

Синдикатот бара зголемување на платите за 25%. Штрајкот во понеделник е предупредувачки, а ако нема решение во текот на септември, најавено дека ќе прерасне и во генерален штрајк.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена