Вести
Министерот Бектеши во Гостивар: Компаниите да користат субвенции од Планот за економски раст
„Ги охрабрувам сите компании во Република Македонија да покренуваат иницијативи, да инвестираат дополнително и да ги користат мерките од Планот за економски раст. Со тоа ќе го зголемиме извозот и ќе го намалиме бројот на невработени.“, порача денес од Гостивар, министерот за економија Крешник Бектеши.
Министерот беше во посета на Фабриката за производство на душеци, Алмеро која ќе користи средства од државните мерки за проширување на капацитетот. „Добро е што компаниите препознаваат дека ние како Влада, преку Планот за економски раст градиме стабилни политики и направивме законско решение за да ги поддржиме сите фирми кои ќе почнат нов инвестициски циклус. Позитивен пример за тоа е фабриката Алмеро“, изјави Бектеши.
Менаџерот на компанијата, Адем Агаи му се заблагодари на министерот за посетата и рече дека поддршката за дополнители инвестиции е добредојдена. „Со постојани инвестирање и напорна работа, се постигнуваат успеси, но поддршката е неопходна. Ние почнавме во 2003-та година со 8 вработени, за денес да стигнеме до бројка од 43 работници“, рече менаџерот.
За субвенции од Планот за економски раст може да аплицираат компании кои прават дополнителни инвестиции и го зголемуваат бројот на вработени, такви кои ја зголемуваат својата конкурентност на пазарот и мали и средни претпријатија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград