Поврзи се со нас

Македонија

Министерот ги повика наставниците да ја продолжат наставата

Објавено

на

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во објава на фејсбук ги повика просветните работници да ја продолжат наставата, потенцирајќи дека губењето настава е на штета на учениците.
„Најдобриот интерес на децата треба да ни е на прво место, бидејќи правото на образование на секое дете е уставно загарантирано право. Губењето на настава во услови како оваа пандемија, кога владата и Министерството за образование и наука, направи максимални напори да го нормализира образовниот процес, не оди во прилог никому, најмалку на учениците. Затоа ги повикувам наставниците од основните и од средните училишта да ја продолжат наставата, учениците да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат. Ова е потребно најмногу како поддршка на вашите ученици во еден многу важен дел од нивниот живот. Потребни сте им сега во овој период кога се подготвуваат за продолжување на образованието во средните училишта, за полагање на стручни испити и за државната матура, од што зависи нивната понатамошната образовна иднина и запишување на факултетите во земјава и во странство. Со нарушен образовен процес, сето ова не може да се реализира во предвидените рокови и е на штета на сегашните деветооделенци и матуранти, но и на сите останати ученици. Владата и претставниците на СОНК се договорија викендот да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи. Синдикатот треба да има верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците од 21 %. Владата сака да излезе во пресрет на барањата на наставниот кадар. Сакаме да најдеме заедничко долгорочно решение со кое ќе обезбедиме континуиран раст на платите во образованието, но и ќе го гарантираме економско-социјалниот статус на кадарот. Сега најважно за децата е да се вратат во училиште, а дијалогот да продолжи.“, напиша министерот.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 часа

Свеченост за 24 Мај во Гостивар: Почит кон нашето културно и духовно богатство

Парламентарни избори 2024пред 9 часа

ДИК ги додели уверенијата за пратенички мандати

Македонијапред 10 часа

Јадење, пиење, облека, сметки…Мајските трошоци за семејство 60.090 денари

Македонијапред 11 часа

Велковски: Околу 9000 социјални семејства оштетени за 120 евра годишно

Македонијапред 11 часа

Метео предупредување за невреме

Гостиварпред 12 часа

Два случаи на семејно насилство вчера на подрачје на Гостивар

Македонијапред 15 часа

Македонија дел од кампања на Амбер Алерт Европа-Како да се постапи при исчезнување на дете

Гостиварпред 15 часа

Света архијерејска Литургија во бигорскиот скит во Битуше посветен на браќата Кирил и Методиј

Парламентарни избори 2024пред 16 часа

Гласаат болни, немоќни и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во 7 избирачки места

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

Вести

Ministri u bëri thirrje mësuesve që të vazhdojnë mësimin

Објавено

на

Ministri i Arsimit dhe Shkencës, Jeton Shaqiri, në një postim në Facebook u ka bërë thirrje pedagogëve që të vazhdojnë mësimin, duke theksuar se humbja e orëve është në dëm të nxënësve.
“Interesi më i mirë i fëmijëve duhet të jetë i pari, sepse e drejta për arsimim e çdo fëmije është një e drejtë e garantuar me Kushtetutë. Humbja e arsimit në kushte si kjo pandemi, kur qeveria dhe Ministria e Arsimit dhe Shkencës, bënë përpjekje maksimale për normalizimin e procesit arsimor, nuk i sjell dobi askujt, të paktën studentëve. Prandaj u bëj thirrje arsimtarëve të shkollave fillore dhe të mesme që të vazhdojnë mësimin, nxënësit të kthehen në shkollat ​​ku e kanë vendin. Kjo është e nevojshme kryesisht për të mbështetur nxënësit tuaj në një pjesë shumë të rëndësishme të jetës së tyre. Ata kanë nevojë për ju tani në këtë periudhë kur përgatiten për vazhdimin e shkollimit në shkollë të mesme, dhënien e provimeve profesionale dhe maturën shtetërore, nga e cila varet e ardhmja e tyre e mëtejshme arsimore dhe regjistrimi në universitetet brenda dhe jashtë vendit. Me një proces të ndërprerë arsimor, e gjithë kjo nuk mund të realizohet brenda afateve të përcaktuara dhe është në dëm të nxënësve dhe maturantëve aktualë, por edhe të gjithë nxënësve të tjerë. Qeveria dhe përfaqësuesit e SASHK-ut janë marrë vesh në fundjavë që të përcaktojnë përqindjen e rritjes së pagave që do të planifikohet dhe potencialisht do të realizohet me buxhetin plotësues, pas së cilës nxënësit e arsimit fillor dhe të mesëm të hënën do të kthehen në shkollë. Sindikata duhet të ketë besim te institucionet, sepse edhe më parë përmes dialogut partneritet u arrit një rritje 21% e pagave të mësuesve. Qeveria kërkon të plotësojë kërkesat e stafit pedagogjik. Ne duam të gjejmë një zgjidhje të përbashkët afatgjatë që do të sigurojë rritje të vazhdueshme të pagave në arsim, por edhe do të garantojë statusin ekonomik dhe social të stafit. Tani gjëja më e rëndësishme për fëmijët është të kthehen në shkollë dhe dialogu të vazhdojë”, ka shkruar ministri.

Популарно изминативе 100 дена