Гостивар
Министерот Исмаили го посети Ѓоновичко кале каде се вршат археолошки истражувања
Тимот од Конзерваторскиот Центар во Гостивар денес му беше домаќин на министерот за култура Хусни Исмаили, со кого го посетија археолошкиот локалитет „Ѓоновичко кале“ кај селото Горна Ѓоновица, каде се вршат археолошки истражувања.
Локалитетот е лоциран на висок рид на патот кон Србиново, во преубав предел и природа која плени. На местото има остатоци од кула чии бедеми на места се зачувани и до 5 метри во височина.
„Задоволство ми е што сум денес на ова изнонредно наоѓалиште и на ваков простор со прекрасна околина. Ова Ѓоновичко кале, порано служело како еден контролен пункт за надгледување на патиштата и околината. Во внатрешноста со ископувањата најдени се бројни материјали од доцноантичкиот период и средновековниот период во облик на керамични делови од садови, грниња, бокали, градежни материјали, железни предмети, монетни од различни периоди, бронзени, сребрени и сето тоа докажува дека овде имало богат културен живот и постоеле цивилизации. Ова се резултати само од првичните ископувања, за неполн месец, што ни дава на увид дека во натамошните испитувања ќе најдеме уште, далеку помногубројни и повредни предмети и артефакти на ова подрачје.“, изјави министерот Исмаили.
Проектот за археолошко истражување на Ѓоновичкото кале е на Конзерваторскиот центар од Гостивар, а во реализацијата учестуваат стручни екипи од Арxеолошкиот Музеј, од Националниот конзерваторски центар, како и истржувачи од катедра по Археологија при Филозофскиот факултет во Скопје.
„Самиот факт дека се вклучени четири установи кажува за колку сериозен проект станува збор. Во иднина ќе правиме напори да ги извршиме сите анализи, научни испитувања како се живеело тука, какви материјали се користеле, што јаделе и пиеле жителите и се` друго. Му благодариме на министерот што и покрај тоа што ова е тешко пристапен терен, сепак го посети местото и одблиску виде како течат работите. Навистина е голема волјата да се видат културните убавини на овие краишта и ова кале големо културно богатсво за целиот наш крај и регион.“, изјави директорот на Конзерваторскиот центар, Илбер Зулфиќари.
Тимот од НУ Конзерваторски Центар – Гостивар на калето работи под раководсво на д-р Сања И. Велкоска, во соработка со Буњамин Џемаили од Археолошки Музеј и стручниот консултант од катедрата по Археологија Проф. Д-р Виктор Лилчиќ Адамс
Министерот го посети и Конзерваторскиот центар кадешто ги разгледа пронајдените предмети. Меѓу монетите пронајдени на калето е и една монета која потекнува од 4 век од нашата ера.
Ѓоновичко кале уште се нарекува и Каја или Ѕвездено кале.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар