Поврзи се со нас

Македонија

Министерот за ЕУ прашања на Унгарија: Северна Македонија веќе требаше да биде во ЕУ

Објавено

на

    Проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата е незавршен процес. Македонија веќе требаше да биде во ЕУ. На Северна Македонија и треба ЕУ, но и обратно на ЕУ и треба Северна Македонија. Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат, порача министерот за ЕУ прашања на Унгарија, Јанош Бока на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

    – Постои силно стратешко партнерство меѓу Унгарија и Северна Македонија кое се темели на споделени вредности и замени интереси, а тоа се однесува и на прашањата на евроинтеграцискиот процес. За време на унгарското претседателство со ЕУ, се обидовме и успеавме да го ставиме во преден план проширувањето, помогнавме за усвојување на реформската агенда за земјата, како и за влезот во СЕПА- единствената област на плаќања во евра, што исто така ќе биде голем исчекор за Северна Македонија, рече Бока кој ја искористи приликата да изрази длабоко сочувство за трагедијата во Кочани и подготвеноста на Будимпешта и понатаму да даде каква било помош.

    Тој потсети дека двете влади веќе одржаа заеднички меѓувладини седници во Охрид и во Буримпешта, а нов исчекор во билатералните односи меѓу двете земји е, рече, и денешното потпишување на Меморандумот за соработка кој меѓу другото треба да и помогне на земјата во во насока на усогласување со европското законодавство и ефективно користење на европските фондови.

    Министерот Муртезани истакна дека Северна Македонија и Унгарија се поврзани со длабоки пријателски врски, а Меморандумот за соработка претставува нов чекор кон уште поинтензивна билатерална соработка. Тој изрази благодарност за постојаната поддршка од Унгарија на европскиот пат на земјата, особено за време на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, кога прашањето за проширувањето било високо на европската агенда.

    Следната фаза по потпишувањето ќе биде утврдување на работен план и проекти, што ќе се финализира на наредната средба во Будимпешта.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена