Гостивар
Министерот за социјала и градоначалникот во посета на Центарот за аутизам во Гостивар

По повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Министерот за социјала, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани беа во посета на Центарот за аутизам „Блу пазл“ во Гостивар. Направија обиколка, се запознаа со условите и функционирањето на центарот и поразговараа со родители на деца кои ги користат услугите на оваа установа.
„Ова е ден кој нѐ потестува на нашата обврска и одговорност дека сме должни како оштество да се и дадеме можности за користење и развој на потенцијалот на сите лица, а особено на лицата со попреченост. Лицата со попреченост често се соочуваат со различни бариери, не само физички, и социјални, емоционални, економски. Овие бариери не само што го ограничуваат нивните можности, ја попречуваат и нивната интеграција во општеството. Но да не зборуваме само за бариерите, да ја славиме храброста, издржливоста и неверојатните достигнувања на лицата со попреќеност. Овие лица не треба да се перцептираат по својата попреченост, туку по своите способности, таленти, потенцијали.“, нагласи министерот и потсети на социјалните услуги кои се обезбедени преку системот на социјална заштита.
Градоначалникот Лимани истакна дека Центарот „Блу пазл“ е пример на добра соработка меѓу локалната и централната власт и локалната заедница.
„Од тука, на овој ден, ова нека биде добра порака до сите други општини да го следат овој пример, и да соработуваат и со централна власт и со локалните заедници. Исто така, пораката е дека не само денес кога го одбележуваме Меѓународниот ден на лицата со попреченост, туку дека за нив треба да се грижиме преку цела година“, рече градоначалникот.
Центарот за аутизам во Гостивар, кој е регионален, го посетуваат околу 60 деца од полошко.
„Нашите услуги имаат високи стандарди и се достапни бесплатно. Нашиот центар има сензорна акредитација и интернационално акредитирани терапевт. Денешната посета наи дава мотивација да работиме подобро и да бидеме уште поуспешни“, кажа Валон Емини, координатор на Блу пазл.
Во Гостивар по повод 3 Декември, градоначалникот Ваљбон Лимани попладнево ќе организира и дружба и заеднички ручек со деца и лица со попреченост.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог