Поврзи се со нас

Македонија

Министерство за труд: Во 2019 да дадеме шанса за сите оние кои имаат образование, а се без работа

Објавено

на

Со Оперативниот план за вработување за 2019-та година, ќе се издвојат 1,1 милијарда денари за различни мерки за отворање на нови работни места.

„Врвен приоритет на Министерството за труд и на Владата е обезбедување нови работни места. Издвојуваме рекордни 1,1 милијарда денари и се фокусираме на преквалификација и доедукација. Во 2019 да дадеме шанса за сите оние кои имаат образование, а се без работа, да ги прилагодиме на фактичката состојба и да ги активираме на пазарот на трудот. Со Оперативниот план посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години како и на корисниците на гарантирана минимална помош. Меѓу другото, овозможуваме обуки за побарувани занимања и занаети, за дигитални вештини, а се продолжуваат програмите „Практиканство“,„Општинско-корисна работа“ и „Јавни работи“.“, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од таму информираат дека Оперативниот план за вработување за 2018 година бил реализиран 95%.  Преку „Гаранција за млади“ се вработиле 1.839 лица, со програмата Самовработување, сопствен бизнис отвориле 1.191 лица, а во програмата „Практиканство“, се вклучиле 1.263 невработени лица до 34 годишна возраст.

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други институции.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена