Вести
Министерството за финансии предлага зголемување на акцизата за нафта за 3 денари

Министерството за финансии предлага од почетокот на наредната година да се зголемат акцизите на дериватите. Акцизата за нафта ќе се зголеми за 3 денари и тоа во буџетот ќе донесе 1,6 милијарди денари кај акцизата и 350 милиони денари кај ДДВ. Со зголемување на акцизата и ДДВ-то цената на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари.
Во рамки на Буџетот за 2018 година планирани се вкупни приходи на 193, 5 милијарди денари, односно 4,7 отсто повисоки од годинава. Расходите се планирани на 211, 7 милијарди денари, односно 4,1 отсто повисоки од годинава. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 18, 2 милијарди денари, односно дефицит од 2,7 отсто од БДП.
Овие мерки предложени од Министерството за финансии се дел од предлог буџетот за 2018 година кој во моментов е на јавна расправа пред да биде пратен во Владата, која пак до 15 ноември треба да го прати во Собранието.
Дали ќе се одрази ваквото поскапување на цените на останатите услуги кои се поврзани со потрошувачката на дизел горивото, дотолку повеќе што се очекува да поскапат трошоците на транспортот, останува да се види.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!