Гостивар
Министерството за одбрана отвори оглас за прием на 125 професионални војници
АРМ во своите редови ќе прими нови 125 професионални војници. Министерството за одбрана вчера (13 ноември) објави јавен оглас за прием на новиот кадар на определено работно време со договор за вработување за три години со можност за продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст, по што им работниот однос продолжува со преземање во органите на државната и локалната власт.
Во огласот е наведено дека кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови: да се државјани на Република Северна Македонија; да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност. Како посебни услови се наведени: да имаат завршено средно образование; да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
Работното време е од 8 до 16 часот, а платата изнесува од 22.059 денари до 25.574 денари.
Кандидатите ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност согласно Правилникот за начинот на одржување и проверка на физичката способност на активниот воен персонал на служба во АРМ.
Јавниот оглас за прием на професионални војници трае 15 дена од денот на објавување. Сите детали може да ги видите на следниот ЛИНК
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград