Гостивар
Министерството за социјала и Општина Врапчиште со меѓусебни обвинувања за детската градинка

Меѓусебни обвинувања и препирки околу детската градинка „Пранвера“ меѓу Министерството за социјала и Општина Врапчиште. Кон крајот на јануари министерството ги одзеде ингеренциите на општината за именување директор на градинката, што локалната власт го нарече незаконско. Кавгата се разгоре денес откако Министерството преку соопштение упати низа обвинувања на адреса на општината.
„По извршена инспекција во градинката во Врапчиште утврдено е дека Општина Врапчиште по одземање на ингеренциите на градоначалникот на општината во делот на именување на в.д. директор на установата и поставување на в.д. директор од страна на министерството, го одзела возилото од предучилишната установа (сопственост на општината) иако во јуни месец 2021 година го дала на користење на предучилишната установа на неопределено време. Се до 31.01.2025 година кога е извршена законска смена на в.д директорот на предучилишната установа, истата го користела возилото за дотур на храна за 40 деца згрижени во објектот во Добри Дол. Оттогаш па до денес храна во овој објект се врши отежнато со помош на приватни возила. За да биде иронијата поголема денес 10.02.2025 година од страна и налог на општината, исклучено е греењето и струјата во матичниот објект на градинката во Врапчиште кој е составен дел на училиштето, на температура од – 5 °C степени.“, соопшти МТСП нагласувајќи дека градоначалникот општината вршат грубо кршење на Законот за заштита на децата како и на правата на децата согласно Конвенцијата за правата на децата.
Општина Врапчиште врати со демант и го впери прстот во Министерството за незаконско постапување во управувањето со градинката.
„Ја демантираме секое неоснована обвинување од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади во врска со какво било прекршување на правата на децата од страна на Општина Врапчиште, како основач на детската градинка „Пранвера“. Токму ова Министерство ги прекрши правата на децата, именувајќи директор од редовите на воспитувачите. Како резултат на тоа, групата деца на возраст од 3 до 6 години, кои се згрижени во оваа градинка, останаа без воспитувач речиси 10 дена. Ова дејствие претставува прекршување на Законот за заштита на децата, конкретно член 100, став 1, алинеја 4, каде што како услов за функционирање на градинката се предвидува соодветен број воспитувачи, негуватели и друг соодветен персонал. Исто така, ова дејствие претставува прекршување на член 58 од Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на градинките. Обвинувањата дека го тргнавме од употреба возилото со кое се дистрибуира храната во градинката се целосно неосновани. Во врска со прекинот на електричната енергија, изречно изјавуваме дека такво дејствие нема врска со надлежностите на Општината.“, реагираа од Општина Врапчиште.
Надлежностите за именување директор во градинката беа одземени на 28 јануари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар