Македонија
Министерството за транспорт одзема 97 лиценци согласно Законот за градење

Министерството за транспорт и врски изврши контрола на 643 од над 1.100 издадени лиценци за работа согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. При контролата било утврдено дека 97 правни лица повеќе не ги исполнуваат законските услови за поседување на лиценците, информира денеска министерот за транспорт Александар Николоски.
Како што соопшти на прес-конференција, досега се донесени решенија за одземање на:
- 13 лиценци А за изведувач на градби од прва категорија,
- 34 лиценци Б за изведувач на градби од втора категорија,
- 2 лиценци А за надзор над изградба на градби од прва категорија,
- 6 лиценци Б за надзор над изградба од втора категорија,
- 3 лиценци А за проектирање на градби од прва категорија,
- 20 лиценци Б за проектирање на градби од втора категорија,
- 2 лиценци Б за ревизија на проектна документација,
- 1 лиценца за управител за одржување објекти од прва и втора категорија и
- 16 лиценци за изработка на урбанистички планови.
– Министерството во моментов спроведува контрола на сите лиценци издадени согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. Законите за контрола не се јасни и не се исклучиви и затоа контролата сега се прави врз основа на политичка одлука, а по завршувањето на постапките ќе следат законски измени со кои ќе има обврска на секои шест месеци да се врши контрола на се што е издадено од страна на институциите, рече Николоски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос