Вести
Министерството за здравство со совети за оние кои вежбаат на жешкото време
Иако поради високите температури, поголемиот број на луѓе ја намалуваат физичката активност, има такви кои не се откажуваат од секојдневните вежби, спортување и рекреација. Министерството за здравство излезе со совети како да го заштитат своето здравје и на што да внимаваат доколку одлучат да подолжат со своите редовни физички активности.
1. Смалете го темпото: Ако вообичаено трчате, тогаш движете се или џогирајте. Доколку одите, тогаш смалете го темпото. Како што телото се адаптира на топлината, постепено покачувајте го темпото и должината на вежбите.
2. Избегнувајте го најтоплиот дел од денот. Станете рано за да ја искористите свежината на утрото, или излезете на зајдисонце или подоцна.
3. Носете светла и лесна облека. Темните бои ја апсорбираат светлината, што може да направи да се чувствуваш како да си завиткан во топло ќебе. Носете лесна облека, за повеќе воздух да циркулира на кожата и да ја оладува.
4. Задолжително користете заштитен фактор – UVA/UVB.
Користете го во интервал од два часа, дури и ако е назначено дека е отпорен на пот и вода.
5. Пијте течности. Вежбањето на топло време ја зголемува телесната температура. Природниот систем за ладење на телото може да “затаи“ доколку е предолго изложен на зголемени температури.
6. Водете сметка за степенот на хидратација. Добар начин да се види дали телото е доволно хидрирано е да се провери бојата на урината. Доколку е светло жолта (како лимонада) тогаш сте добро хидрирани. Доколку е потемна (речиси како бојата на сок од јаболко), тогаш пијте повеќе течности.
7. Не пијте премногу. Пиењето премногу вода, или преголема хидратација, може да предизвика хипонатремија (ниско ниво на натриум во крвта). За да се одржи оптимално ниво на хидратација, потребно е да се пие за време на вежбањето и после вежбањето или други физички активности.
8. Никогаш не дозволувајте да се доведете до степен да чувствувате слабост, тешкотии и вртоглавици.
9. Доколку чувствувате слабост и/или тешкотии, веднаш престанете со вежбање.
Седнете во сенка, пијте вода, и секогаш имајте со себе некаква ужинка. Одберете сочна ужинка, како на пример овошје.
10. Знајте ги симптомите на топлотен удар:
– Висока телесна температура
– Топла, црвена кожа, која не се поти
– Забрзан пулс
– Тешкотии со дишењето
– Невообичаено однесување
– Халуцинации
– Конфузија
– Вознемиреност
– Дезориентација
– Удар
– Кома
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград