Поврзи се со нас

Македонија

МИОА: Електронски наместо хартиени документи за помалку шетање по шалтери

Објавено

на

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција ги претстави Законот за централен регистар на население, Законот за електронско управување и електронски услуги и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

Како што рече министерот Манчевски, законите гарантираат конечна дигитализација на јавниот сектор. На овој начин постепено ќе се намалува употребата на хартија при добивање на сите услуги потребни за граѓаните.

„Основата на овој процес е Законот за централен регистар на население. Со овој Закон се предвидува воспоставување на Регистар на население како единствена и во реално време ажурирана база на податоци за граѓаните. Податоците во овој регистар се добиени од МВР, УВМК и Централен регистар. Ова значи дека конечно, постои единствен начин на водење на поединечните бази на податоци, врз основа на утврдени стандарди и процедури“, истакна министерот Манчевски.

Со Закон за електронско управување и електронски услуги се обезбедува ефикасно и ефективно давање на услуги по електронски пат, а врз основа на утврдени стандарди и процедури.

Се што ќе треба да направат граѓаните за да ја активираат електронската идентификација е само еднаш да се регистрираат во системот. Тоа ќе може да го направат на два начини. Првата опција е физички, на некој од овластените шалтери. Овластени шалтери ќе има на повеќе локации низ целата држава. Втора опција за регистрација е електронски, со набавување  на токен. Граѓаните тоа ќе можат тоа да го направат сами без воопшто да треба физички да посетат некоја институција.  Од тој момент, секој граѓанин ќе може да го добива електронски, законски валидни документи  од својот дом, односно независно каде се наоѓаат. Документите ќе бидат доставени на маил и ќе бидат со еднаква вредност како документите добиени на шалтер“, потенцираше министерот Манчевски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена