Гостивар
Мирен изборен ден до сега во Гостивар, нема пријави за нарушувања и инциденти
Претпладневните часови од изборниот ден на Парламентарите избори на територијата на Гостивар поминуваат во мирна и демократска атмосфера. На избирачките места кои ги посети нашата екипа, забележлива е раздвиженост, без создавање на гужви и со генерално почитување на мерките за заштита.
Граѓаните на гласање доаѓаат со заштитни маски, ги дезинфицираат рацете на влез од гласачкото место и го остваруваат своето право на глас, без да се задржуваат подолго време во просториите. Членовите на избирачките одбори носат заштитна опрема и седат на поголема раздалеченост од вообичаено. Неколку избирачки места, наместо во училници се префрлени во спортските сали на училиштата, за да се обезбедат посоодветни услови согласно протоколот.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираа дека до сега, на гостиварското подрачје нема пријави за нарушувања, проблеми или инциденти врзани со избориот процес.
Граѓаните на Општина Гостивар денеска гласаат на 121 избирачно место.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди