Претседателски избори 2024
Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

Првиот круг од Претседателските избори 2024 на територијата на Општина Гостивар до сега поминува во мирна и демократска атмосфера. Сите избирачки места утрово беа отворени навреме, во 7 часот и изборниот процес тече непречено.
Според информациите кои Gostivarpres.mk ги доби од СВР Тетово до сега не се регистрирани никакви нарушувања или инциденти.
„Изборниот ден до сега на територијата што ја покрива СВР Тетово поминува во најдобар ред. Нема пријави за никакви пропусти или инциденти“, ни соопшти портпаролот, Фатмир Реџепи.
И досегашната оценка од ОИК е дека изборниот процес се одвива без проблеми, со напомена дека одредени технички пречки кои се јавиле со биометриските апарати се надминати брзо.
Екипата на Gostivarpres.mk денес направи обиколка на повеќе локации кадешто има избирачки места. Она што го забележавме е дека поголема раздвиженост на гласачи има во попладневите часови, за разлика од утрото и претпладнето. Граѓаните најчесто на избирачките места доаѓаат семејно, но согласно прописите, зад параванот секој гласа сам. Од Избирачките одбори со кои позборувавме рекоа дека не им се појавила никаква посериозна пречка и дека гласањето се одвива без проблеми. Нема ниту поголеми гужви и процесот од проверка на личен документ до спуштање на ливчето во кутијата се завршува за неколку минути. Колку точно, сепак зависи од бројот на запишани избирачи и колку во моментов се на местото на гласање.
Со одлука на Владата, за сите граѓани денешниот ден е неработен.
Правото на глас на подрачјето на Општина Гостивар имаат 81.517 гласачи. До 11 часот, гласале 6.078 од нив. Избирачките места остануваат отворени до 19 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?