Занимливости
Мирниот европски град во кој е „родена“ злогласната психоделична дрога
На 19 април 1943 година, одлучил лично на себе да ги тестира влијанијата. Зел 250 микрограми и тргнал дома со велосипед, а потоа започнал да се чувствува чудно …
Верувале или не, психоделичната дрога, поточно лисергичната диетиламична киселина, попозната како ЛСД-25, е „родена“ во Базел, Швајцарија.
Зад откритието се наоѓа швајцарскиот хемичар Алберт Хофман, кој во триесетите години од минатиот век бил вработен во фармацевтскиот и хемискиот оддел на лабораториите „Сандоз“ во Базел.
Алберт работел на синтеза на активни состојки од ергот печурки за можна употреба во фармацевтската индустрија. Тој ја извлекол и синтетизирал лисергичната киселина и случајно ги открил психоделичните својства на ЛСД, кога мала количина навлегла во неговата кожа.
На 19 април 1943 година, тој одлучи да ги тестира влијанијата врз себе. Зел 250 микрограми и како секој друг ден тргнал дома со велосипед, а потоа започнал да се чувствува чудно…
„Калеидоскопски, фантастични слики ми се прикажуваа, наизменично, разнобојни, отворајќи се и потоа затворајќи во кругови и спирали, експлодирајќи во обоени фонтани, движејќи се и хибридизирајќи во постојан проток. Секоја акустична перцепција, како звукот на вратата или автомобилите кои поминуваа, се претвораа во визуелна перцепција. Секој звук создаваше живописно менување на сликата, со своја конзистентна форма и боја”, напишал Хофман подоцна во својата книга „LSD – My Problem Child“.
Тој продолжил да ги истражува психоделичните ефекти и гласно се спротивставувал на класификацијата на ЛСД како недозволена дрога, пред да започне да се злоупотребува во 1960-тите. Имено, Хофман цврсто верувал во употребата на ЛСД во психоанализата, но на крај се согласил дека треба да се применува во контролирани услови.
Базел е трет по големина град во оваа европска земја. Сместен на брегот на Рајна и може да се пофали со најстариот универзитет во Швајцарија. Денес, мал е бројот на луѓе кои се присеќаваат како злогласната ЛСД за прв пат е создадена и тестирана во него.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград