Поврзи се со нас

Вести

Мислевте дека ковид пасошите се новина? Еве како некогаш се докажувало задолжителна имунизација

Објавено

на

Во време кога светот се соочува со пандемијата на корона вирусот, државите сѐ погласно зборуваат за потребата од воведување на вакцинални, односно ковид пасоши, како доказ дека лицето е имунизирано и може непречено да патува во странство или пак, да присуствува на масовни собири.

Но, ова не е прв пат земјите да бараат доказ за извршена вакцинација против одредена болест. Слично нешто се случувало пред искоренувањето на малите сипаници (морбили) во 20 век, кога лузните на раката, направени од пелцот против оваа болест биле предуслов за добивање работа.

Морбилите некогаш биле најстрашната болест во светот.
Проценките покажуваат дека во 18. век, до 400 000 луѓе годишно умирале како последици од тој вирус. Оние пак, кои закрепнувале често пати добивале трајни последици. Утврдено е дека една третина од луѓето, кај кои во тој период било дијагностицирано слепило, ја развиле својата состојба како последица на инфекција со сипаници.

Болеста се ширела преку близок контакт со заразени лица или преку контакт со нивната облека и постелнина.

Раните симптоми на вариола вклучуваат треска, повраќање и болки во зглобовите. Следувало појава на чиреви и осип на кожата. Осипот се претворал во плускавци, кои на крајот се засушувале, а кога крастата ќе паднела, останувала лузна.

Во тоа време било забележано дека млекопроизводителите и нивните семејства честопати не заболувале кога ќе се појавела епидемија. Ваквите факти го привлекле интересот на лекарот по име Едвард Џенер. Тој теоретизирал дека земјоделците и млекарите, кои редовно фаќале кравји сипаници, стануваат отпорни на опасните морбили.

Оваа теорија го навела Џенер во 1796 година да експериментира со првите вакцини. Тој намерно заразувал некого со кравји сипаници, болест со многу поблаги симптоми. Потоа, откако ќе се оздравеле, ги изложувал на морбилите. Неговите испитувања се покажале успешни и тој го нарекол процесот „вакцинација“, произлезен од „вакца“, латинскиот збор за крава.

Иако експериментите на Џенер биле успешни, вакцината не била во широка употреба сѐ до 1840 година.

Пред луѓето целосно да му веруваат на методот на вакцинација, општеството се служело со други методи за да се заштити од можна инфекција.

Имено, лузните од сипаници по телото докажувале дека лицето веќе ја прележало оваа болест и повеќе не претставува закана. Веројатноста да се останете со лузни по целото тело како резултат на болеста била огромна. За оние во високото општество каде убавината била особено важна, тоа било страшна последица. Но, за оние од работничката класа, овие лузни биле „виза“ за вработување.

Ако работодавачот никогаш немал сипаници, најверојатно ќе ангажира некој со лузни бидејќи тоа е доказ дека веќе ја прележал болеста и не е закана за нивните семејства и за другите вработени.

Во некои случаи, работодавците барале и лузна оставена од инокулација, односно оштетувања на кожата од првичните техники на вакцинација. Во тоа време принципот вклучувал правење засек на кожата на надлактицата и заразување на раната со жив вирус на сипаници. По вакцинацијата, пациентот најчесто развивал само гадење и треска. Местото на вакцинација на крајот заздравувало, оставајќи мала лузна. Така било можно да се открие дали некое лице е вакцинирано за оваа болест.

Оваа практика станала посебно важна во Америка помеѓу 1899 и 1904 година. За време на овој петгодишен период, се проценува дека биле регистрирани околу 165 000 случаи на сипаници, иако има сугестии дека реалната бројка е до пет пати повисока.

Со вака распространета епидемија, оние најпогодени градови и држави започнале да инсистираат на вакцинација. Станало задолжително да се покаже официјален сертификат за вакцинација за дневни задачи, како што се одење на работа или на училиште. А, кога некои луѓе започнале да ги фалсификуваат сертификатите, владините службеници барале да ја видат и лузната од вакцината, како дополнителен доказ.

Во 1903 година, Хенри Клеј Фрик наредил сите вработени во неговата челичарница да докажат дека тие и нивните семејства се вакцинирани.

Исто како што претходно се обиделе да фалсификуваат сертификати за вакцинација, луѓето се обиделе да направат и лузни. Тоа било непријатен бизнис што вклучувал поставување на азотна киселина на кожата за да се создаде лузна со сличен изглед.

Темелната програма за вакцинирање обезбедила последниот дијагностициран случај на сипаници да се случи во октомври 1977 година, а потоа Светската здравствена организација прогласи дека сипаниците се искорениле до 1980 година.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена