Поврзи се со нас

Занимливости

Мистериозен астероид се врти сѐ побрзо и побрзо, а научниците не можат да објаснат зошто

Објавено

на

Астероид кој може да помине блиску до Земјата, кој предизвикува спектакуларен годишен метеорски дожд од групата Геминиди, почна чудно да се однесува.

Набљудувајќи ја променливата светлина на астероидот „3200 Фаетон“, научниците заклучиле дека тој почнал да се врти сѐ побрзо и побрзо околу својата оска, скратувајќи ја ротацијата за околу 4 милисекунди секоја година. Ова откритие ги изненадило научниците бидејќи вртењата на астероидите обично не се менуваат.

Разбирањето на она што се случува со овој астероид може да ни даде поголем увид во класата на астероиди кои се сметаат за „потенцијално опасни“. Овој астероид моментално не претставува никаква опасност за Земјата, но со својот пречник од 5,8 километри, доколку случајно би удрил во нашата планета, би можел да предизвика значителна штета.

Дополнително, за време на неговата траекторија, ни се приближува доволно блиску, што поизразена промена во неговата орбита од 524 дена може да предизвика одредена загриженост.

Необичен астероид

Овој астероид е доста необичен. За време на својата орбита, како комета, се приближува до Сонцето и зад себе има правлива опашка. Но, за разлика од кометите, се чини дека нема мраз на неа, поради што експертите ѝ го дадоа прекарот Камена Комета.

Дополнително, тој е еден од двата астероиди кои произведуваат метеорски дожд. За тој небесен спектакл, обично се задолжени кометите.

Исто така, овој астероид има впечатливо сина боја, додека повеќето астероиди се црвеникави или сиви.

Поради своите необични карактеристики, Јапонската вселенска агенција планира да ја испрати мисијата DESTINY+ (Демонстрација и експеримент на вселенска технологија за меѓупланетарно патување).

Светлината на Фаетон се менува додека ротира околу својата оска, што значи дека по некое време научниците успеале да го одредат неговиот приближен период на ротација од околу 3,6 часа. Но, ако сакаме да слетаме вселенско летало на него, потребни ни се попрецизни податоци.

Засега причината е непозната

Планетарниот научник Шон Маршал од опсерваторијата „Аресибо“ во Порторико почнал да работи за подетално да ги одреди големината на астероидот, обликот и ротацијата. Токму така тој открил нешто многу необично.

– Предвидувањата од моделот на обликот не се совпаднаа со податоците. Сфатив дека периодот на ротација на Фаетон постепено се менуваше пред набљудувањето во 2021 година, можеби поради неговата активност кога беше во близина на перихелот во декември 2020 година – објаснува Маршал.

По подетална анализа на податоците, кои го опфаќаат периодот од 1989 до 2021 година, тој открил дека оваа промена може да се објасни со постепено, стабилно забрзување и загуба од 4 милисекунди период на ротација годишно.

Гледајќи на годишно ниво, тоа не е некоја голема промена, но како што минуваат децениите, станува сѐ поизразена.

Експертите не знаат точно зошто се случува ова. Можно е да се работи за губење маса, при што доаѓа до забрзување на ротацијата. Може да се работи и за ефектот Јарковски-О’Киф-Раџиевски-Падак (YORP), кога топлината на ѕвездата влијае врз брзината на вртење на мало тело, како што е астероидот.

Маршал и неговите колеги го претставија своето откритие минатата недела на 54. годишен состанок на Одделот за планетарни науки на Американското астрономско друштво.

Во соработка со Е наука

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Следете нè и на Facebook

Гостиварпред 8 часа

Делови од Гостивар утре без струја по неколку часа

Занимливостипред 9 часа

Јадрото на Земјата речиси и не се врти

Гостиварпред 12 часа

„Ласкарци“ – Тензично на рочиштето за супервештачење, дофрлања и приговори

Македонијапред 13 часа

Најавена реконструкција на сите споменици од НОБ

Македонијапред 14 часа

ДСР со реакција: Дали некој од Владата го посетил претепаниот Ром, Ерсој?

Македонијапред 15 часа

Алијансата за Албанците утре ќе го формира тимот за преговори за влез во Владата

Гостиварпред 16 часа

Во Гостивар презентирани можности за културни проекти финансирани од ЕУ

Македонијапред 16 часа

Мицкоски: Предупредував на ова, другата страна влегува во конфликт на ниво на студена војна

Гостиварпред 18 часа

Судењето за „Ласкарци“ продолжува со сослушување на вештаци кои го изготвија супервештачењето

Гостиварпред 19 часа

Гостиварец лажно го пријавил својот татко за напад и нарушил јавен ред и мир

Здравје и убавинапред 20 часа

Смеса со 3 состојки против кашлица и болно грло

Македонијапред 21 час

Сообраќајот по влажни коловози, на Маврово и Стража снег

Здравје и убавинапред 22 часа

Антидепресивите предизвикуваат бесчувствителност

Занимливостипред 5 дена

Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни

Занимливостипред 2 недели

Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот

Гостиварпред 1 недела

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

Супер акција во продавниците на FLAIR во Гостивар и Тетово – „Плати 2 Земи 3“

Гостиварпред 1 недела

Роберт Исаиловски го извади крстот положен во Вардар на Богојавление во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Традицијата во Гостивар продолжува-Сучење на врвката за градскиот крст

Гостиварпред 1 недела

Бејта: Артан и Талат во соработка со Валдет наредија да се разреши Јакупи од директор на болницата во Гостивар незаконски

Гостиварпред 1 недела

Прослава на Богојавление – Водици, Гостивар 2023

Македонијапред 2 недели

Силен земјотрес близу Тирана, почувствуван во Македонија

Гостиварпред 2 недели

Полицијата во Гостивар приведе двајца државјани на Туркије

Гостиварпред 1 недела

Гостивар подготвен за достоинствено чествување на Богојавление Водици

Гостиварпред 2 недели

Повреден малолетник со остар предмет во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Апсење ноќеска во Гостивар, пронајдени 20 пакувања хероин и кокаин

Гостиварпред 1 недела

Прослава на Богојавление – Водици, Гостивар 2023

Гостиварпред 3 недели

Бадникова поворка 2023 во Гостивар-Ангелчињата ги стоплија срцата на христијаните

Гостиварпред 4 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостивар последната вечер во оваа година

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар граду мој, во срце те носам – Свеченост во чест на 18 Ноември

Спортпред 3 месеци

Каланоски со два погодоци го одлучи победникот во локалното дерби ФК Гостивар – ФК Арсими Чегране (2-0)

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „спакува“ и Работнички 87-76

Македонијапред 3 месеци

Св. Кирил Лешочки – Прв светец од Тетовско-гостиварската епархија (Фото)

Спортпред 4 месеци

(Фотогалерија) Празник на кошарката во Скопје – МЗТ го пречека Партизан 74-92

Гостиварпред 4 месеци

Три децении јубилеј на Глигоровски: Убавина со македонски фолклор и бура од емоции во Гостивар

Културапред 5 месеци

Со концерт на етно групата Синтезис во Гостивар почна чествувањето на Денот на независноста

Гостиварпред 5 месеци

Чествување на Преображение во Гостивар – Манастирот во Циглана срцето на прославата

Гостиварпред 5 месеци

Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Гостиварпред 6 месеци

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Advertisement

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена