Локални избори 2017
Митинг на СДСМ во Гостивар: Пораки за соживот и ветување за поддршка од централната власт за развој на општината
Коалицијата предводена од СДСМ вечерва на градскиот плоштад во Гостивар одржа митинг на кој го промовираше носителот и кандидатите на советничката листа за Локалните избори 2017.
Носителот на листата Зоран Ангелов зборуваше за визијата за развој на општина Гостивар, проектите во Изборната програма од областа на инфраструктурата, екологијата, образованието, здравството и друго. „Гостивар е мојот град. Град во кој ги поминав моите најубави години, град кадешто го основав моето семејство, кадешто сум вработен како професор, кадешто сум општествено активен и град кадешто и јас и овие луѓе околу мене сакаме да ја доживееме нашата старост. Јас сакам на овој град да му дадам се од себе. Да придонесам Гостивар да биде перспективно и поубаво место за живеење каде секој ќе ја гледа својата иднина. Проблемите на граѓаните се и мои проблеми и тие не познаваат вера, нација или пол. Гостивар ќе го направиме развиен модерен центар на соживотот. Ние градиме по план, одговорно, квалитетно и домаќински и секој граѓанин ќе добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина. Ние ја приспособуваме постоечката урбана и селска инфраструктура да биде во функција на граѓаните на Гостивар. Нашата советничка група преку советот ќе обезбеди повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво“, рече Ангелов.
На митингот во Гостивар зборуваше и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска која се осврна на чекорите и мерките на Владата од преземањето на власта и потенцираше дека локалната власт ќе добива поддршка од централната за реализирање на квалитетни проекти. „Во декември сплотени заедно Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци се здруживме и се изборивме за промени, кои носта слобода и надеж за подобар живот. Македонија навистина секој ден се менува кон подобро. Водиме одговорни политики, ги скративме непродуктивните трошоци, го донесовме законот за стечајците, ја укинавме радиодифузната такса, воведовме ефтина дневна тарифа на струја. За нас граѓаните се на прво место. Ние ќе ја носиме Македонија кон НАТО и ЕУ, но со задоволни граѓани со крената глава. Наша цел е да ја приближиме централната до локалната власт, да овозможиме рамномерен регонален развој. Ние носиме европски пари за поддршка на проекти во општините, и Гостивар ќе ја добие секоја можна помош од нас да ги спроведе иницијативите кои ќе го направат подобар град. СДСМ и коалицијата нудат советничка листа од чесни, работливи и искрени луѓе кои сакаат да ја видат општина Гостивар подобра, посреќна и просперитетна. Знам дека ќе работат за доброто на сите граѓани, Гостивар повторно да биде горд еснафски град, кој ќе биде пример за соживот и развој“, порача Шеќеринска.
Потпретседателката на СДСМ пред гостиварци ги образложи и четирите столба на Изборната програма: градиме по план, чиста вода и чист воздух, повеќе пари за општините и отворена и услужна општина за сите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија