Вести
МКФ на клубовите им даде рок до први септември да ја платат котизацијата
Македонската кошаркарска федерација (МКФ) им даде дополнителен рок до први септември на клубовите да ги подмират средствата за котизација од 615.000 денари, доколку сакаат да се натпреваруваат во Првата лига.
Оваа одлука вчера ја донесе Комисијата за итност при МКФ, откако било констатирано дека голем дел од прволигашите не го испочитуваа претходно утврдениот рок (шести август) за да ја уплатат сумата.
Од МКФ наведуваат дека се крајно разочарани од односот на одредени клубови со цел да се заштитат и клубовите кои навремено платиле, неплаќачите ќе треба да платат и казна во висина од десет проценти на неплатените средства.
Ако најдоцна до први септември со апликацијата не се приложи доказ за уплата, пријавата ќе се смета за неуредна и екипата нема да биде вклучена во системот за натпревари во Првата лига за сезоната 2018/19.
Покрај ова, донесена е одлука за укинување на Третата лига и зголемување на второлигашката конкуренција.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград