Македонија
Млади Германци и Македонци со заеднички проект против загаден воздух

Проектот „Клин брет“ („CleanBREATHE“), мешано истражување за загадувањето на воздухот со помош на технички и едукативни решенија, има за цел да го направи загадениот воздух видлив и да иницира долгорочни промени во однесувањето на општествените чинители.
– Проектот се одвива помеѓу Магдебург – Стендал Универзитетот од Германија и УКИМ-ФИНКИ од Македонија, каде се вклучени креаторите на платформите за визуализација на аерозагадување, Pulse.Eco1 и AirCare2 и О2 Иницијатива, здружение што се залага за зголемена свест за аерозагадувањето и неговото намалување преку системски пристап, информираа од О2 Иницијатива.
Целите на проектот за намалување на загадувањето на воздухот, како што наведуваат оттаму, се создавање граѓанска свест и одржливо прилагодување на однесувањето во двете земји, Македонија и Германија, како модел за цела Европа, преку пристап на науката за критички дизајн, потоа дизајнирање и планирање на сензорски мрежи, нови пристапи за сензори за мобилни уреди и алгоритми за предвидување на вештачката интелигенција, како и развивање на нови деловни модели што имаат за цел да помогнат на бизнисите со свесно однесување за животната средина.
Како што е предвидено, проектот ќе организира работилници за граѓаните и студентите за подигање на свеста за темата и зголемување на учеството во процесот на собирање податоци.
Во декември се реализирала заедничка работилница со 16 студенти од Германија и Македонија, што создала идеи за јавна инсталација, што може да се искористи за подигање на свеста за загадувањето на воздухот во Магдебург и Скопје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава