Поврзи се со нас

Култура

Млади гостиварки преку поезија го кренаа гласот против родовата нееднаквост и стереотипите

Објавено

на

Да се почитуваат жените, да им се пружат еднакви можност и услови, да престанат дискриминациите на родова основа, да нема стереотипи… Ова се дел од пораките кои ги испратија група средношколки преку поетски перформанс на настан што се одржа во Гостивар вчеравечер, под мотото „Поезија во акција“. Младите гостиварки решија преку Слем поезија да го кренат својот глас против нееднаквост и неправди врз припадничките на женскиот пол.

„Се чувствувам многу горда на себе и на сите учеснички кои се претставија и ги искажаа своите ставови креативно, во врска со нашата тема. Сфатив дека да се организира ваков настан би било нешто интересно во нашиот град, а ја одбрав темата на нееднаквост и неправда како начин да се направи некоја промена во начинот на размислување во колината. Не секогаш треба да чекаме нешто да се случи некој да направи нешто, туку и самите ние може да преземеме чекор кон позитивна промена. Им ја претставив идејата на други млади луѓе за кои сметав дека имаат желба и потенцијал да се вклучат и се подготвени да дадат свој труд. Со овој настан создадовме еден наш мал простор со шанса на младите креативни и талентирани луѓе да се искажат“, рече Симона Филипоска, организаторка на Слем вечерта, која и самата имаше настап со свој текст.

slem (5)
slem (8)
slem (7)
slem (9)
slem (1)
slem (6)
slem (11)
slem (10)
slem (5) slem (8) slem (7) slem (9) slem (1) slem (6) slem (11) slem (10)

Покрај неа пред публиката се претставија: Нада Спасеска, Ева Дејаноска, Михаела Антеска, Румена Аврамоска, Марија Палазова и Искра Дукоска, ученички од гимназијата и техничкото училиште. Во музичкиот дел настапија Теодора и Росица Матески.

Настанот се организираше по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена