Гостивар
Млади од Гостивар чекаат на евакуација од Турција

Во групата од осум државјани од Македонија кои биле во турскиот регион погоден од разорниот земјотрес се и тројца средношколци од Гостивар. Како што дознаваме од нивни блиски кои успеале да воспостават контакт со нив, гостиварците се наоѓаат во добра состојба, и чекаат на активностите кои се преземаат за евакуација од Турција. Тие се ученици од техничкото училиште и се дел од група заедно со средношколци од Тетово и Маврово Ростуше, кои со ментор, преку Еразмус +, престојувале во градот Кахраман Мараш, погоден од природната катастрофа.
Од Министерството за надворешни работи попладнево информираа дека дипломат од македонската амбасада во Анкара е упатен кон погоденото подрачје за да организира нивна евакуација.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди дека осум наши државјани биле на локациите каде што се случил земјотресот во Турција, од кои двајца се повредени.
-Денеска цел ден работевме на ова прашање, нашите претставници од Северна Македонија контактираат со Амбасадата во Анкара и со Генералниот конзулат во Истанбул, така ги добивме информациите по однос на наши граѓани што се наоѓале на локациите каде што се случи земјотресот, стапија и во комуникација со нивните семејства. Според тие информации осум наши државјани биле на тие локации, од кои двајца се повредени, едниот со потешки повреди врз кој е направена хируршка интервенција, рече Османи, на прес-конференција по Конференцијата за антисемитизам.
Тој изрази уверување дека нашите дипломати веќе се пристигнати на локациите и оти ќе имаме поточни информации тогаш.
Најави дека Владата ќе одржи вонредна седница во 17 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава