Гостивар
Млади од Гостивар и германски град на дружење, учење, забава преку младинска размена

Општина Гостивар информира дека потпиша договор со „International Youth Exchange MULTI“, од градот Оберхаузен, Германија за партнерство во областа на младинска размена.
„МULTI е еден од најголемите формати за младинска размена на ниво на општини во Европа и моментално поврзува 15 земји партнери од целиот свет, а Гостивар ќе ја претставува државата Северна Македонија. Оваа соработка ќе донесе програми за размена на младите од Гостивар и Оберхаузен“, соопштија од локалната самоуправа.
Во средиште на програмата се активности за промовирање на толеранцијата и мултикултурализмот.
„International Youth Exchange MULTI“ е наменета за млади на возраст од 13 до 18 години трае околу две недели во секоја од земјите на размена.
Од искуство можеме да кажеме дека за тоа време се создаваат многу пријателства кои траат со години. Познавање на англиски јазик е предност, но не и задолжително. Со нас ќе доживеете прекрасно време полно со забава, авантура и акција.“, наведуваат спроведувачите на програмата.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар