Гостивар
Млади планинари успешно го претставија Гостивар и земјава во Турција

Младинската секција на Планинарското друштво ШАРИ од Гостивар изминатиот месец престојуваше во Кркларели, Турција, како дел од проектот Obestop на Erasmus Plus. Тимот составен од Окан, Онур, Јусуф, Бесарт, Бесат и Елмедина, успешно ги претставија Гостивар и Македонија пред останатите учесници од Италија, Шпанија, Унгарија, Србија и домаќините од Турција и се стекнаа со нови знаења, искуства и вештини.
„Младите планинари на друштвото ги споделија нивните искуства и знаења, доживувања од планинарењето и различните култури на нашата држава. Тие беа дел од работилници за исхрана и глобалниот проблем со Obecity (дебелина), каде се дискутираше и какво влијание има планинарењето кон истото. Им благодариме на сите што беа наши амбасадори, го развиорија државното знаме, знамето на Планинарската федерација, нашето друштво Шари и знамето на Младинска секција Дрим Тим“, информира планинарскиот водич, Исмет Шурбан.
Младите планинари учесници во проектот во Труција со голема возбуда зборуваат за искуството и доживувањата.
„Разговаравме и посочувавме примери за тоа што е дебелина, како да ја спречиме, дали е болест или одлука и слично. Проектот беше младинска размена и се организираа интеркултурни ноќи на кои секој ја претстави својата земја. Ние ги претставивме нашите убавини на Македонија, планини, езера, историски места и сл. Исто така, на крајот од презентацијата го претставивме нашиот планинарски тим и клуб. Разговаравме за планините што ги посетуваме, можностите што ги имаме и слично. На крајот од проектот се стекнавме со сертификати YouthPass. Можам да кажам дека јас и мојот тим, многу убаво си поминавме таму и станавме пријатели со луѓе од различни земји.“, вели Онур Бајрамоглу, еден од учесниците.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог