Поврзи се со нас

Гостивар

Млади планинари успешно го претставија Гостивар и земјава во Турција

Објавено

на

Младинската секција на Планинарското друштво ШАРИ од Гостивар изминатиот месец  престојуваше во Кркларели, Турција, како дел од проектот Obestop на Erasmus Plus. Тимот составен од Окан, Онур, Јусуф, Бесарт, Бесат и Елмедина, успешно ги претставија Гостивар и Македонија пред останатите учесници од  Италија, Шпанија, Унгарија, Србија и домаќините од Турција и се стекнаа со нови знаења, искуства и вештини.

„Младите планинари на друштвото ги споделија нивните искуства и знаења, доживувања од планинарењето и различните култури на нашата држава. Тие беа дел од работилници за исхрана и глобалниот проблем со Obecity (дебелина), каде се дискутираше и какво влијание има планинарењето кон истото. Им благодариме на сите што беа наши амбасадори, го развиорија државното знаме, знамето на Планинарската федерација, нашето друштво Шари и знамето на Младинска секција Дрим Тим“, информира планинарскиот водич, Исмет Шурбан.

Младите планинари учесници во проектот во Труција со голема возбуда зборуваат за искуството и доживувањата.

„Разговаравме и посочувавме примери за тоа што е дебелина, како да ја спречиме, дали е болест или одлука и слично. Проектот беше младинска размена и се организираа интеркултурни ноќи на кои секој ја претстави својата земја. Ние ги претставивме нашите убавини на Македонија, планини, езера, историски места и сл. Исто така, на крајот од презентацијата го претставивме нашиот планинарски тим и клуб. Разговаравме за планините што ги посетуваме, можностите што ги имаме и слично. На крајот од проектот се стекнавме со сертификати YouthPass. Можам да кажам дека јас и мојот тим, многу убаво си поминавме таму и станавме пријатели со луѓе од различни земји.“, вели Онур Бајрамоглу, еден од учесниците.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 3 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 5 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 6 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 8 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 10 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 11 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Вестипред 1 ден

Стрес, депресија и анксиозност од предолго време на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ …

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена