Поврзи се со нас

Гостивар

Младите гостиварци во акција – чистеа, бојадисуваа клупи, обележаа велосипедска патека

Објавено

на

Околу 200 средношколци и основци од гостиварски училишта, денес се вклучија во волонтерска акција за уредување на кејот на Вардар и градскиот парк во Гостивар.

Активноста се спроведе во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието со поддршка на општина Гостивар.

Учениците го чистеа отпадот, ги бојадисуваа клупите, обележаа велосипедска патека и поставија паркинзи за велосипеди.

Во акцијата се приклучи и градоначалникот Арбен Таравари.

„Ова е навистина една многу убава иницијатива и се` она што се прави денес во акцијата е  позитивно за сите граѓани, а воедно и се подигнува свеста за чување на животната средина“, рече градоначалникот, кој воедно на граѓаните им го честиташе Денот на Европа, 9-ти Мај.

Денешната акција е резултат на повеќе средби и активности на кои ученици од различни етнички заедници дискутираа за проблемите со кои тие се соочуваат во својот град и даваа предлози за нивно решавање.

Проектот го имплементира Македонскиот центар за граѓанско образование во соработка со Младински образовен форум.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена