Гостивар
Младите хумани-Крводарителна акција во техничкото училиште во Гостивар

Младите од Гостивар хумано подадоа рака и се приклучија во денешната крводарителна акција, што се одржа во средното техничкото училиште. Средношколците даруваа од скапоцената течност мотивирани дека на тој начин спасуваат човечки животи.
Акцијата ја организираше општинската организација на гостиварскиот Црвени Крст и службата за трансфузиологија од општата болница, кои изразија задоволство од одзивот.
„Овде сме во средното техничко училиште во Гостивар каде спроведуваме крводарителна акција. Учениците се покажаа како многу подготвени и хумани, што се гледа и од самиот тек на акцијата. Интересот да се вклучат навистина задоволува и е за поздравување. Сакам да ја искористам оваа прилика да упатам апел до сите луѓе кои се здрави, особено до младите да даруваат крв. Колку е тоа значајно кажува фактот дека со едно кесе крв, може да спасат три човечки животи.“, рече Џијана Алији, од службата за трансфузиологија
Во денешната крводарителна акција во Гостивар беа собрани 20-тина единици на крв.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022