Спорт
Младите мечувалци од клубот „Витез“ од Гостивар успешни на Државното првенство

Членовите на мечувачкиот клуб „Витез“ од Гостивар успешно се претставија на Државното првенство во мечување 2025 и постигнаа добри резултати. Младите мечувалци ги покажаа своите вештини во оваа уникатна спортска боречка дисциплина и се закитија со награди во категориите во кои се натпреваруваа.
Како што информираа од клубот во категоријата U12 женски: Сара Алексоска освои злато, Теодора Несторовска сребро, додека Миа Грујеска бронза. Со златни медали се закитија и Лука Терзиски (U12) и Јован Алексоски (U14). Во категоријата кадети женски, злато освои Ера Сулејмани, сребро Николина Алексоска, додека Андреа Ѓорѓиеска беше петто место.
„Задоволни сме од покажаниот труд и остварените резултати и на младите мечувалци им посакуваме натамошни успеси. Веруваме дека со поголема поддршка на општината и на целиот град ќе имаме уште повеќе успех и значајни резултати.“, вели тренерот Сашо Ристоски.
Клубот „Витез“ со школа за мечување во Гостивар беше формиран во 2022-ра година. Интересот кај децата за мечувањето расте, а членовите редовно учествуваат на турнири и натпреварувања.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар