Поврзи се со нас

Живот

Успешна приказна на “ГОСТИВАРСКИТЕ ММА БОРЦИ”

Објавено

на

Веке 8 години во Гостивар функционира ММА клубот Protector-Dolcino MMA fight club. Повлечени во својот клуб надвор од јавноста напорно работат, тренираат и полека го заземаат своето место во врвот на квалитетни ММА клубови во Македонија.

Предводени од тренерот Гоце Димитриевски – Нинџа со стегнати тупаници ги совладуваат сите предизвици кои се испречуваат пред нив. Ги посетивме да ни ја раскажат својата приказна.

 

ГП: Кога е формиран Protector клубот и како дојдовте до идеја да го формирате?

Protector-Dolcino MMA fight club е формиран во 2008 година. Идејата беше и од многу поодамна да направиме вакво место каде ќе се “пробаме” сите вљубеници на боречки спортови. Едноставно желбата беше преголема и не можевме повеќе да чекаме, со подршка на Ивица Петковски кој несебично ни помага до ден денес успеавме заеднички да го создаеме клубот.

ГП: Твоето искуство како борец, одлучи да го пренесеш на помладите?

Со боречки вештини се занимавам од 15 години. Почнав со кик бокс 1996 во клубот Емона. Во самиот старт бев доста успешен, два пати државен првак 1996 и 1997. Во 2000 бев втор на државно првенство во лоу-кик, каде после тоа добив одлична понуда професионално да продолжам со бокс. Но продолжив да ја усовршувам мојата техника.

Во 2007 се запознав со Гоце Цандовски кој ме внесе во ММА спортот. Во 2010 го имав првиот ММА професионален меч и првата победа. 2011 освоив второ место на грипинг турнир во Задар, тој период имав 6 професионални борби. 2013 добив покана да го посетам кампот на најпознатиот светски клуб ALL STARS во Стокхолм и тренирам со светските борци Александар Густафсон, Илир Љатифи, Магнус Седенбланд и др.

Кога требаше да продолжам во овој клуб ALL STARS ми се случи потешка повреда со што завршти мојата професионална кариера. Сега единствена моја цел е целото мое знаење и искуство да го пренесам на членовите на клубот.

1509021_10204710885030396_1184639735542686655_n 1382334_594382093937429_587582790_n

ГП: Досегашни натпреварувања, успеси?

Со клубот учествуваме на сите натпревари што се одржуваат во државава, неважно дали е натпреварувачки или ревијален карактер. Важно да се претставиме и промовираме овој спорт. Со клубот имаме преку 70 борби аматерски и профи во сите категории. ММА имаме околу 25 борби, 13 победи.

ГП: Кои се плановите за во иднина?

Пред се да го зачуваме контиунитетот и квалитетот на работа во клубот. Да се трудиме да направиме што повеќе квалитетни борци, потоа успесите сами ќе си дојдат. Ќе бидеме пресреќни ако успееме и на државно ниво да формираме ММА федерација со што би ни се отвориле вратите кон Европа.

ГП: Дали клубот е отворен за нови членови?

Добродојдени се сите оние кои имаат желба напорно да тренираат.

dsc_8937

Поразговараме и со двајца од членовите на клубот кој веќе имаат повеќе професионални борби и се светла иднина на Македонската ММА. Вредно е да се напомене дека и двајцата целосно потекнуваат од Protector-Dolcino MMA fight club.

Филип Стефановски (22)

12795339_560115857479863_4232710312809599547_n

ГП: Колку време се занимаваш со овој спорт?

Тренирам ММА од 15-та година, значи 7 год. Претходно имам тренирано и шотокан карате.

ГП: Колку професионални борби, победи? dsc_9040

Досега имам 5 професионални борби од кои 4 победи (во прва минута) и еден пораз.

ГП: Кои натпреварувања ти следуваат во иднина и на што ќе се фокусираш?

Моментално напорно се спремам за меморијалниот турнир во Велес, на 7 октомври кој се одржува во чест на погинатите бранители од Kуманово. Ќе настапуваме домашни против странски борци.

Сакам да учествувам на овој турнир бидејќи единствено така можам да им оддадам почит на бранителите. Секако тука е и прекрасното чувство кога настапувам пред домашна публика. Во иднина планирам да се фокусирам на усовршување на одредени аспекти од ММА и подобрување на арсеналот од техники, посебно боксот.

13606506_613647502126698_1078805900827455492_n

ГП: Важиш за најдобар твоја категораија во државава?

Во Македонија нема официјален ранг на ММА борци. Но конкретно во мојата категорија се сметам за најдобар и најискусен.

 

Блашко Петковски (18)

ГП: Од колку години почна да тренираш?

Почнав да тренирам со самото отварање на клубот во 2008 година,кога имав 10 години.

dsc_9056 dsc_9062

ГП: Колку професионални борби, победи?

Вкупно имам 12 официјални борби. Во ММА, граплинг, кик бокс (кик лајт и лајт контакт) и 3 победи. Најзначајна победа ми е во кик бокс во Штип, со која се пласирав на меѓународен турнир во Анталија.

13427816_1042805642421915_8787663479897707411_n

ГП: Што би им препорачал на твоите врсници?

Би им порачал да не се плашат да го превземат следниот чекор доколку навистина посакуваат нешто. Секој може да има голем успех само со голема желба и посветеност кон спортот. Овој спорт е во фаза на раст бидејќи е еден од поновите и тоа може да се искористи за големи успеси.

Ви благодариме за срдечниот пречек.

gostivarpress.mk  ви посакува многу успех и многу победи !

 

фотo: Н.П 

gostivarpress.mk
Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена