Поврзи се со нас

Гостивар

Многу празни столчиња на состанокот на Кризниот штаб во Гостивар, институциите не доаѓаат

Објавено

на

Многу столчиња  остануваат празни во салата на Општина Гостивар, кадешто се одржува состанок на Кризниот штаб за состојбата со коронавирусот. Иако токму овој период, Гостивар е еден од најпогодените региони од заразата, голем дел од институциите неколку недели наназад не испраќаат свои претставници. Поради тоа не може да се добијат сите информаци, како на пример за контролите на лицата со решенија за изолација, контролите во угостителските објекти, почитувањето на мерките, за болничките капацитети за пациенти со ковид и друго.

Од локалната самоуправа апелираа институциите коишто се дел од Кризниот штаб посериозно да ја сфатат обврската и да доаѓаат на состаноците.

„Апелот е сите да дадат придонес во оваа борба со пандемијата. Сите институции кои се компетентни за некој дел од справувањето со состојбите, би требало да се присутни на состаноците за сите заедно да излеземе на крај со ситуацијата во која се наоѓа, не само Гостивар, туку и целата земја“, рече шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.

На почетокот на пандемијата, кога во Гостивар имаше само по неколку позитивни случаи, Кризниот штаб одржуваше состаноци по два пати неделно, а извештаи редовно даваа претставници на речиси сите институции. Собирањето потоа се редуцираше на еднаш неделно, со се помал број на учесници.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 9 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 11 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 13 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 13 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 14 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 15 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 17 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 19 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена