Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Многу сол го намалува животниот век

Објавено

на

Додавањето сол во храната може да придонесе до пократок животен век и поголема можност од рана смрт, потврди ново истражување на британски и американски научници, што опфатило повеќе од 500.000 луѓе во Обединетото Кралство.

– Националната здравствена служба на Обединетото Кралство препорачува возрасните да го ограничат внесот на околу една лажица сол дневно. Постои долга евиденција на научни истражувања што покажуваат дека исхраната богата со сол е штетна, но овој труд ја нагласува потребата за дополнително ниво на претпазливост, рече водечкиот автор на испитувањата Лу Чи, инаку професор по епидемиологија на Универзитетот „Тулан“ во Њу Орлеанс, САД.

Испитаниците одговарале на прашалник меѓу 2006 и 2010 година за нивните навики за јадење сол и колку често го додаваат овој секојдневен зачин во храната. Истражувањето е објавено во журналот „Јуропиан харт“ (European Heart Journal).

Солта ја зголемува опасноста од рана смрт, а овошјето и зеленчукот го намалуваат, тврдат стучњаците. Истражувачите ја анализирале здравствената состојба околу девет години и откриле дека колку повеќе луѓето додаваат сол во оброците, толку се поголеми нивните шанси за рана смрт. Сепак, оние луѓе кои консумираат големи количини на сол би можеле да ја намалат опасноста со јадење повеќе овошје и зеленчук, се вели во трудот.

Американското здружение за срце препорачува возрасните да консумираат не повеќе од 2.300 милиграми сол дневно – но забележува дека идеалната граница е 1.500 милиграми дневно. Јадењето премногу сол може да го покачи крвниот притисок, што пак, може да предизвика срцеви заболувања, мозочен удар и бубрежни болести.

Но, дури и ако не се додава премногу сол во оброците, може да дојде до прекумерна консумација на натриум.

– Потребни се повеќе докази, особено од клиничките испитувања, пред јавноста да може да преземе какви било мерки. Сепак, нашите наоди се во согласност со претходните истражувања што постојано укажуваат дека високиот внес на сол е негативно поврзан со различни здравствени исходи како хипертензија и кардиоваскуларни болести, додаде д-р Чи.

Готовата и преработената храна често содржи сол за вкус или за конзервирање. Според Управата за храна и лекови на САД, на пр., повеќе од 70 отсто од солта што Американците ја внесуваат, е додадена сол во преработената храна.

– Иако повеќето мои пациенти не додаваат сол во храната, не сфаќаат дека печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се меѓу најлошите виновници за прекумерниот внес на натриум, вели д-р Стивен Јурашек, од Харвард.

Карли Ноулс, регистрирана диететичарка, препорачува да се готви дома, каде што се има поголема контрола врз соленоста и подготовката на оброците, читањето состојки на купените производи, како и околу зачините со можност без сол. Според неа, така има поголема можност за подобро обработена и поздрава храна.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена