Вести
Мнозинството во Советот ќе бара одговорност од вработените во општината што ја напуштија конститутивната седница

Новото мнозинство на Советот на Гостивар, најави дека ќе бара одговорност од вработените во општината кои вчера (петок) ја напуштија конститутивната седница, односно не се вратија на седницата по една од паузите.
„Неколку вработени не ја испочитуваа својата должност што ја имаат при одржување на седниците, затоа ќе биде поднесена пријава до соодветните органи и според законот ке се бара одговорност од нивна страна за непочитување на работната задача, и за обидот за попречување на работата на советот на Општина Гостивар, која работа е законска обврска и уставно право. Тие го напуштија своето работно под влијание на општинските челници, без никакво оправдување и со намера да го попречат изборот на нов претседател на советот“, сметаат советниците од мнозинството и потенцираат дека според член 23 од статутот на општина Гостивар за свикување на седниците на советот, утврдување на дневниот ред, одввањето на седницата, записниците, и други прашања што се поврзани со работата на советот, општинската администрација е ставена на служба на општинскиот совет.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!