Македонија
Мобилен шалтер на УЈП во април во Маврово Ростуше и Врапчиште
Управата за јавни приходи во текот на април неколкупати ќе постави мобилен даночен шалтер за жителите на општина Маврово и Ростуше, а еден датум е одреден и за Врапчиште.
Според распоредот објавен од УЈП, мобилниот даночен шалтер во општина Маврово и Ростуше ќе биде на 5, 12, 19 и 26-ти април. Во Врапчиште ќе биде на 18 април. На двете места шалтерот ќе се постави пред општинските згради и ќе биде активен во периодот од 10 до 14 часот.
Даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии. „Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење или седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата“, наведуваат од УЈП.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар