Гостивар
Мобилниот даночен шалтер на УЈП месецов во Маврово Ростуше и Врапчиште

Управата за јавни приходи во текот на март неколкупати ќе постави мобилен даночен шалтер за жителите на општините Маврово Ростуше и Врапчиште.
Според распоредот објавен од УЈП, мобилниот даночен шалтер во Општина Маврово и Ростуше ќе биде на 6, 13, 20 и 27 март, додека во Врапчиште на 3 и 24 март. На двете места шалтерот ќе се постави пред општинските згради и ќе биде активен во периодот од 10 до 14 часот.
Даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии.
„Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење или седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата“, наведуваат од УЈП.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар