Поврзи се со нас

Гостивар

Модна ревија и изложба на еколошки проекти на ученици во Гостивар

Објавено

на

Оригинални модни креации и најразлични проекти од рециклирачки материјали беа претставени денес на настан што се одржа во спортската сала на техничкото училиште во Гостивар, во склоп на одбележувањето на Денот на пролетта и екологијата, 21 Март. Учениците од гостиварските училишта поддржани од своите професори ментори, уште еднаш покажаа дека имаат креативни идеи, градат еколошка свест и ги почитуваат еколошките вредности.

На модната ревија можеа да се видат уникатни фустани и друга облека изработени од хартија, пластика и слични обновливи материјали, со што младите гостиварци испратија порака за поголема грижа за зачувување на планетата Земја и животната средина. Проектите пак со исто таква симболика беа изложени на посебни штандови.

Активности за 21 Март се одржаа и низ останатите училишта во Гостивар, меѓу кои и во гимназијата, каде беше презентиран документарен филм за заштита на животната средина и штетите од аерозагадувањето, подготвен од учениците и наставниците од ова училиште. Целта на одбележувањето на овој ден со активности има за цел да ја подигне свеста на граѓаните од сите возрасни групи со цел заштита на животната средина и природата како и подигање на нивото на одржување на чистотата, наведоа од општината.

DSC_3917
DSC_3891
DSC_3853-Edit
DSC_3898
DSC_3856
DSC_3904
DSC_3915
DSC_3870
DSC_3867
DSC_3894
DSC_3865
DSC_3873
DSC_3871
DSC_3864
DSC_3847-Edit
DSC_3876
DSC_3860
DSC_3861
DSC_3855
DSC_3917 DSC_3891 DSC_3853-Edit DSC_3898 DSC_3856 DSC_3904 DSC_3915 DSC_3870 DSC_3867 DSC_3894 DSC_3865 DSC_3873 DSC_3871 DSC_3864 DSC_3847-Edit DSC_3876 DSC_3860 DSC_3861 DSC_3855
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена